Исклучените од парно од април нема да плаќаат фиксен надоместок

Од април исклучените од парно греење повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок, предвидуваат новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија што денеска на седница ги разгледа Регулаторната комисија за енергетика.
На потрошувачите на топлинска енергија, пак, од 1 август во сметките ќе им биде укината ангажираната можност, но тоа не значи дека ќе добијат помали сметки, туку ќе се воведе појасен и лесен начин на пресметка на сметките.
– Од 1 август ангажираната можност како тарифен елемент за потрошувачите кои користат топлинска енергија ќе биде укината и ќе биде воведен соодветен и јасен лесно разбилив начин на пресметка на фиксните трошоци за потрошвачите кои останале во системот, истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.
Тој нагласи дека од 1 април нема да се зголемат сметките за парно греење поради тоа што ќе се укине одредбата со која досега исклучените плаќаа фиксен надоместок.
Од РКЕ препорачуваат Градот Скопје и Владата да најдат соодветни механизми за субвенционирање на потрошувачите кои користат топлинска енергија и на оние кои се греат на природен гас.
Во однос на оние кои би сакале да се исклучат од системот за парно греење, РКЕ предлага тие да имаат обврска да изработат елаборат со кој ќе докажат дека новиот начин на кој ќе се греат нема да предизвика пробеми во снабдувањето на електрична енергија.
– Доколку има несоодветен начин на греење и парното греење се замени со греење на електрична енергија кое има висока потрошувачка, може да настанат проблеми во снабдувањето со електрична еерргија. Од тие причини секое домаќинство кое има право да се исклучи треба да докаже дека новиот начин на грење ќе биде енергетски поефикасно од тоа што досега го имал преку системот за топлинска енергија, рече Бислимовски.
Потрошувачите кои ќе сакаат да се исклучат ќе треба да побараат и дозвола од 50 проценти плус еден граѓанин од станарите кои живеат во зградата.
Во однос на празните станови во кои никој не живее, дополнително ќе се разгледуваат начините на тарифирање.
Исто така се воведува и концептот на забрана на исклучување на ранливите категории на потрошувачи во зимскиот период.
Ново на Сител
-

Пожарникарите од Крива Паланка спасија куче кое паднало во бунар длабок седум метри
-

Учениците од утре на настава - едносменска во 620 училишта
-

Големо намалување на цената на дизелот од полноќ, бензинот поскапува
-

51 инфлуенсер, луксузни хотели и забави: Ќерката на Орбан потрошила 8 милиони евра јавни пари за инфлуенсерска кампања
-

Бидете дел од новата сезона на Сител: Пријавете се за учество во „Се или Нешто“, „Брза Кујна“ или „Листа за 300“
-

ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување
-

Од утре нови правила на Скопскиот аеродром: Само еднаш дневно ќе може бесплатно да влезете со автомобил
-

Вишото јавно обвинителство наложи продолжување на истрагата против Капушевски и Јахоски за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра
