Иселените од источниот регион бараат редовна просечна плата од 500 евра за да се вратат
Ниските и нередовни плати, високата невработеност и партизацијата и отуѓеноста на институциите од граѓаните се главните причини поради кои околу 20 отсто од населението во Источниот плански регион заминало во странство.
Такви се податоците од истражувањето што го спроведе здружението ИНИ - Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, во рамки на проектот „Актуелизирање на миграцијата и емиграцијата од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево“, а што се реализираше со поддршка од Civica mobilitas.
На прес-конференција беа изнесени резултатите од спроведената анкета според која иако повеќе од половина од иселените лица биле вработени пред да заминат, поради малите плати, притисоците и дискриминацијата на работното место морале да емигрираат. Сепак, дел од нив изразиле подготвеност да се вратат доколку просечната плата достигне 500 евра по вработен, а органите на власта да исполнат одредени услови.
- Нашите иселеници бараат средби двапати годишно со градоначалниците, при што локалната администрација да ги обезбеди сите информации за банките кои ќе дадат кредитни линии, за мерките од Агенцијата за вработување, од Агенцијата за поддршка на земјоделството и слично. Исто така, бараат да им се овозможи преку аташеата и амбасадите да аплицираат за мерките што ги нуди Владата и другите институции, при што тие мерки да бидат достапни во текот на целата година, истакна Тодор Цонев, од Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци – Виница.
Истражувањата со проектот на Здружението ИНИ покажале дека иселениците би се вратиле и доколку општините помогнат во подобрувањето на економскиот амбиент со нудење локации и инфраструктура за бизниси.
Во спроведената анкета стои и дека за да се вратат дома тие очекуваат департизација на институциите и владеење на правото, а најнакрај и збогатување на културниот живот во регионот од кој се иселиле
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024