Македонија
12. August 2021 - 20:11

Иселениците не се дел од вкупното население, изјави Симовски

Иселениците кои не се во државата подолго време не се дел од вкупното население туку се дел од т.н. нерезидентно население и тука нема никаква дилема, изјави Симовски во своето гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Додава и дека е стриктно поделено кој во која категорија на населението ќе влезе.

Тоа се меѓународни правила кои не ги измисли ДЗС, ниту јас , ниту било кој друг, тоа се правила кои ги пропишуваат ОН и таа дефиниција на категоријата вкупно резидентно население е дадена од ОН и важи за цел свет и нема пардон дали некој сака или не сака да ја почитува.