-->
-->
Исчистени 20 тони отпад од општина Кисела Вода
-->

Вкупно 20 тони отпад се собрани во заедничката акција на службите на Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Како што информира Општина Кисела Вода, од утрото триесетина сезонски работници го собираа комуналниот и кабастиот отпад во сите месни и урбани заедници. Со четири камиони насобраниот отпад потоа повеќе пати се носеше на „Дрисла“.
-Континуитетот на подигнување на хигиената во општина Кисела Вода продолжува и во периодот што следи. Апелираме до сите наши жители за совесно однесување, посебно во делот на правилното одложување на отпадот. Грижата и одговорноста за средината во која живееме треба и мора да биде заедничка, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
