Исчезната прилепчанка пронајдена мртва во вештачко езеро

Во водите на прилепското вештачко езеро изутринава е најдено безживотното тело на 50-годишната прилепчанка која исчезна кога излегла од својот дом околу 23 часот на 16 декември.
Според Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба „Златоврв“, биле подготвени со чамци и евентуално нуркање во езерото за да ја побараат како една од алтернативите да се дознае што се случило со прилепчанката.
-Бевме подготвени да го пребараме езерото, но го забележавме телото како плута. Се очекуваат екипи од крим техника од полицијата и од јавното обвинителство да го испитаат случајот, изјави Неданоски.
Прилепчанката, 50-годишната Весна откако излегла од домот не се вратила. Во градот и во околината со околу 400 доброволци континуирано се вршеше целодневна потрага. За денеска како можност беше оставено пребарувањето во водите на прилепското вештачко езеро. Не се знае што се случило со прилепчанката, тоа дополнително ќе се утврдува.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
