Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски
Вчера околу 10.50 часот во реонот на велешкиот рид Гроот е исчезнат планинарот и пензионер од Велес Стојче Пецевски.
ланинарот Игор Смилев од „Грин Пауер“ сподели апел до велешките планинарски друштва, клубови и поединци да се вклучат во потрагата по исчезнатиот планинар од Велес, Стојче Пецевски кој од неделата е исчезнат во реонот на ридот Гроот во близина на Велес.
„Вчера( недела) околу 10. 50ч во реонот на ридот ГРООТ е исчезнат нашиот колега планинар од Велес Стојче Пецевски.
Телефонот е лоциран во радиус од 2 км од предавателот на ГРООТ и сѐ уште сигналот е фиксиран во тој радиус.
Ги молам сите слободни планинари и поединци да се приклучат во потрагата !!
Во текот на вчерашниот ден неколку алпинисти и планинари предводени од Надир направиле потрага од споменикот кај с. Раштани до Антената па се до каменоломот Миса, а оттаму повторно до с. Раштани. На лице место е излезена и СВР Велес !!
Нужно е да се прошири потрагата кон селата Белештевица и Сопот. Се бараат поединци кои добро го познаваат овој терен.
Доколку некој има било каква информација нека се јави во СВР Велес или на тел .075 751 068 ( Нада )
389 70850659 – Надир“, стои во апелот на Смилев.
Ново на Сител
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце