Македонија
28. October 2018 - 15:42

Исчезна штитеничка од Домот за деца „25 мај“

Исчезна уште едно девојче од домот „25 Мај“ откако направило инцидент. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 15 часот пријавено е дека 14 годишна штитеничка на домот „25 мај“ се оддалечила од домот откако претходно физички нападнала друга 12 годишна штитеничка на домот „25 мај“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.