Македонија
10. April 2018 - 10:28

Исчезна девојка од Македонски Брод

Во Полициската станица Македонски Брод, вчера во 16:30 часот М.С.(59) пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот од домот во непознат правец се оддалечила Ц.А.(21)–лице со посебни потреби и штитеничка на Меѓуопштински центар за социјални работи-Македонски Брод, а истата била на гости кај М.С.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.