Иса Мустафа не сака избори во јуни, за време на Рамазан

Доколку денеска и се изгласа недоверба на косовската Влада ќе следи распишување предвремени парламентарни избори, а косовскиот премиер и лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа вели дека неговата партија не сака избори во јуни, во време на празникот Рамазан.
- Ние не се согласуваме во јуни да се оди на избори кога муслиманите слават, тогаш не можеме да водиме кампања. Не се согласуваме изборите да бидат тогаш, туку сме за тоа да седнеме и да се договориме, рече Мустафа, а пренесе РТК.
Мустафа додаде дека очекува Демократската партија на Косово (ДПК) да го испочитува коалицискиот договор, бидејќи во косовската Влада не е само ЛДК, туку и ДПК, како и дека не гледа причина ДПК да биде за изгласување недоверба на владата.
Мустафа претходно кажа дека собранието ќе го разгледува договорот за демаркација со Црна Гора, истиот ден кога ќе се гласа за доверба на владата.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
