-->
-->
Ирскиот селектор О’Нил со критики кон Герет Бејл
-->
Мартин О’Нил селекторот на фудбалската репрезентација на Република Ирска, го критикуваше најдобриот велшки фудбалер Герет Бејл, но и неговите соиграчи за бројните груби стартови на меѓусебниот натпревар во Даблин, а во рамките од квалификациите за СП 2018 година, кој за заврши без голови 0:0.
Како поткрепа за грубата игра на Велшаните, О’Нил го посочува стартот на Нил Тејлор по кој капитенот на Р. Ирска, Шејмус Колман заработи скршеница, а Тејлор црвен картон. Но, ирскиот селектор ги потенцира и грубостите на Бејл, кој исто така заработи жолт картон, па ќе го пропушти следниот меч во квалификациите.
- По прегледувањето на телевизиската снимка само со жалење можев да го потврдам очајниот впечаток кој го оставија велшките фудбалери. Ги гледав стартовите врз Колман, но и О’Шеј, и можам да речам, тоа се бедно“, изјавил ирскиот селектор за ББЦ.
Над играчот на Евертон, беше извршена операција, по што едно е јасно, дека на Тејлор му претстои подолг период на рехабилитација.
Инаку, селекцијата на Република Ирска по пет одиграни кола е на делба на првата позиција со 11 бодови колку што има и Србија, која сепак е прва поради подобрата гол разлика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг