-->
-->
Иранскиот Парламент ги означи сите американски сили како „терористи“
-->

Иранскиот Парламент денеска донесе закон со кој ги означи сите вооружени сили на САД како „терористички“ по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак.
Парламентот неодамна усвои закон што ги означува како „терористи“ сите американските сили во Африка, Централна Азија и Блискиот исток. Новиот закон сега важи за Пентагон, односно сите американски сили и сите лица вклучени во убиството на Сулејмани.
Иранскиот генерал ќе биде погребан денеска во родниот град Керман на југоисток каде што утрово започнаа да се собираат граѓани.
Сулејмани беше убиен во петокот на аеродромот во близина на Багдад во напад од американско беспилотно летало по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
