-->
-->
Иран: За 24 часа затворени над 150 трговски објекти бидејќи работничките не носеле хиџаб
-->
Иранските власти соопштија дека за 24 часа затвориле над 150 трговски објекти и ресторани бидејќи работничките не носеле хиџаб.
Затворањето уследи откако стапи во сила наредбата полицијата да ги користи надзорните камери за идентификација на жените кои не носат хиџаб, кој е задолжителен дел од женската облека од Исламската револуција во 1979 година.
Новата мерка стапува во сила откако се повеќе жени по минатогодишната смрт на Махса Амини, се спротивставуваат на задолжителниот кодекс на облекување.
Иранската полиција вчера најави дека почнува „внимателно планирани акции“ во јавниот простор, возилата и на „местата на кои понекогаш се соблекува хиџабот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Детската песна за „Голема Албанија“ поттикна реакции – според АВМУ содржината шири омраза
-

Опозицијата ќе ја известува ЕУ за системска блокада на интеграциите
-

Викендов ќе се знае дали ќе продолжи намаленото ДДВ на горивата
-

ММФ предупредува: Војната ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави економскиот раст
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана
-

Одложено судењето за 13 полицајци за кочанската трагедија
-

Владата ќе анализира дали се оправдани најавите за зголемување на цената на лебот
