Иран негираше вмешаност во нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море
Иранските власти денеска ги отфрлија американските обвинувања за вмешаност во неодамнешните напади на јеменските бунтовници Хути врз бродови во Црвеното Море.
„Отпорот (вооружените групи кои се борат против Израел) има свои сили и дејствува според сопствените одлуки и можности“, изјави иранскиот заменик министер за надворешни работи Али Багери за локалната новинска агенција Мехр.
Тој реагираше на „западните тврдења“ дека Техеран „ги информира јеменските бунтовници за локацијата на американските бродови“.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан претходно денеска изјави дека САД веќе побарале од Иран да не ги советува јеменските бунтовници да дејствуваат против американските и израелските интереси во регионот.
„Јасно им ставивме до знаење на Американците дека овие групи дејствуваат во согласност со нивните интереси“, рече иранскиот министер, додавајќи дека Иран не ги наредил нападите, ниту ќе им нареди да престанат.
Бунтовниците Хути тврдат дека дејствуваат како поддршка на Палестинците во нивната војна против Израел.
Во последниве недели, Хутите напаѓаа бродови кои наводно се поврзани со Израел и превезуваа стока наменета за таа земја.
Белата куќа во петокот го обвини Иран дека е „вклучен во планирањето“ на неодамнешните напади на бунтовниците Хути, обезбедувајќи им „софистицирана воена опрема и разузнавачка помош“.
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
