Иран и САД влегуваат во клучна рунда преговори во Женева

Иран и Соединетите Американски Држави денеска влегуваат во клучна рунда преговори, при што делегациите од двете земји повторно ќе се сретнат во Женева.
Ова е третата рунда индиректни разговори оваа година, повторно со посредство на државата од Персискиот Залив Оман.
Тим предводен од министерот за надворешни работи Абас Арагчи преговара за Иран, додека американската страна е претставена од специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Преговорите се фокусирани на контроверзната иранска нуклеарна програма. САД сакаат да го спречат раководството во Техеран да развива нуклеарно оружје.
Владата на Иран ги негира таквите намери, но изрази подготвеност да ја ограничи својата нуклеарна програма. За возврат, Техеран бара укинување на строгите економски санкции.
Исламската Република не сака да разговара за други теми што ги покренуваат САД, како што се ограничувањето на нејзиниот ракетен арсенал или прекинувањето на поддршката за милитантните групи како Хезболах во Либан.
Пред околу една недела, Трамп постави ултиматум до раководството во Техеран, со рок поставен до почетокот на март. „Или ќе постигнеме договор или ќе биде несреќно за нив“, рече тој.
САД неодамна значително го зголемија своето воено присуство во регионот.
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
