Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, ги предупреди САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат копнени сили во Иран.
Во изјава за Скај њуз, Хатибзаде рече дека Иран е подготвен да се бори колку што е потребно и дека во моментов не е фокусиран на дипломатско решение.
Иако не ја исклучи можноста за преговори, Хатибзаде рече дека пораката до американскиот претседател Доналд Трамп е јасна.
„Само прочитајте што се случи во Виетнам“, рече тој.
Иранскиот заменик-министер предупреди дека американските војници би можеле да доживеат слична судбина.
Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ги „влече“ САД во конфликтот и ги повика американските претставници да „размислат двапати“ пред да преземат понатамошни воени дејствија, велејќи дека Нетанјаху и израелскиот режим имаат агенда да ја претстават војната како победа што ја создале самите.
„Тие треба двапати да размислат кога се справуваат со Иран и да не ги слушаат советите на оние кои не го познаваат Иран и кои со децении сакаат да победат во војна против Иран со американските даночни обврзници и крвта на американските војници“, рече тој.
Запрашан за здравјето на новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, Хатибзадех рече дека тој е „здрав и има сè под контрола“, и покрај неговиот неодамнешен недостаток на јавни појавувања.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
-

Мицкоски по повод 9 Мај: Не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизиран
-

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои
-

Најмногу дожд во Претор
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
-

Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
