-->
-->
Ирачките сили зазеле 19 квартови во Мосул
-->

Ирачките специјални сили презедоа 19 квартови во Мосул откако почнаа во минатиот месец операција за враќање на власта во северниот град од ИД.
Бригаден генерал изјави дека неговите сили се на околу четири километри од реката Тигар која го дели градот на два дела. Деветнаесетте квартови се под 30 отсто од делот на градот што е на исток од Тигар.
Проценките се дека во Мосул се уште има околу еден милион жители. Офанзивата веќе не е толку интензивна за да се заштитат животите на луѓето. Меѓународната коалиција против ИД предводена од САД соопшти дека бомбардирала четири од петте моста на Тигар во Мосул за да се спречат контранапади на џихадистите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
