Ирачките сили употребија солзавец и пукаа во воздух по инцидентот во „Зелената зона“
Ирачките безбедносни сили употребија солзавец и пукаа во воздух со цел да спречат нови приврзаници на шиитскиот муслимански свештеник Муктада ал Садр да влезат во силно обезбедената Зелена зона во Багдад.
Специјални единици и претседателската гарда се обидоа да ги спречат демонстрантите да го преминат мостот во близина на комплексот на американската Амбасада.
Стотици приврзаници на Садр денеска упаднаа во Зелената зона, во која се наоѓаат најважните владини институции и странски амбасади, а неколкумина од нив ја ограбиле зградата на Парламентот откако пратениците не ја изгласаа новата влада.
Демонстрантите, кои се собрале пред обезбедуваната зона, го преминале мостот над реката Тигар, извикувајќи „Бегајте кукавици“, мислејќи на пратениците кои си заминале од Парламентот.
Еден стражар на контролниот премин изјавил дека демонстрантите не биле претресени пред да влезат, а на една телевизиска снимка се гледа како тие развиориле ирачки знамиња, извикувајќи „Мирно, мирно“, додека некои стоеле на бетонските ѕидови со кои е оградена „Зелената зона“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје