Ирачките сили напредуваат кон Мосул од источна страна
Ирачките сили напредуваат кон Мосул со цел да заземат позиции на неколку стотина метри од источната периферија на ова упориште на групата Исламска држава, во третата недела од почетокот на операцијата за ослободување на градот.
- Операцијата за ослободување на левиот брег на Мосул започна, се наведува во соопштението на ирачката армија, имајќи го предвид источниот брег на реката Тигар, кој минува низ градот.
Воен претставник на елитните антитерористички единици изјави дека остануваат за преземање само уште две села, Базуаја и Гогџали, пред да се стигне до предградијата на Мосул.
Ирачките сили започнале да се приближуваат кон источниот дел на вториот по големина ирачки град. Во операцијата учествуваат десетици илјади војници, а во саботата се приклучиле и проирански шиитски воорижени групи, кои се обидуваат да го блокираат патот меѓу Мосул и главното упориште на џихадистите во Сирија, Рака.
- Напаѓачите самоубијци се обидуваат да ја спречат офанзивата со автомобили-бомби, но ирачките сили, кои се наоѓаат на само три километри источно од Мосул, имаат за цел подоцна денеска да влезат во градот, истакна генералот Хајдер Фазил.
Од почетокот на офанзивата на 17 октомври ирачките сили не се приближуваат со еднаква брзина. Побавно е напредувањето од јужна страна, каде владините сили се уште се наоѓаат на 35 километри од градот.
Според проценките на САД, во Мосул има меѓу 3.000 и 5.000 џихадисти.
Силна експлозија одекнала денеска во центарот на Мосул, објави телевизијата „Ас Сумарија“, според која, мета на бомбашкиот напад било заседание на лидери на ИД.
Ново на Сител
-
Колку пациенти добиле пролонгирање на хируршка интервенција?
-
Надоместок од 3000 денари за несовесните граѓани кои ги оштетуваат рампите
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците