Бизнис
11. September 2019 - 16:22
Инвертор клими за Скопје,Тетово, Битола и Кичево
Субвенции за клима уреди ќе добијат граѓаните кои живеат во најзагадените општини Скопје, Тетото, Кичево и Битола. Нема да важи правилото прв дојден, прв услужен, туку приоритет ќе имаат семејствата од социјален ризик, информираше на прес-конференција заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Субвецијата ќе ја покрива целата сума на инвертерот. Целта на владината мерка е да се намали загадувањето на воздухот.
Макрадули најави казни за сите оние кои ќе земат субвенција, а ќе продолжат да се греат на дрва. Контролите ќе ги вршат општините. Макрадули тврди дека граѓаните со оваа мерка годишно би заштедиле над 100 евра.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->