Интерпарламентарната група за интеграција, реформи и помирување ја одржа првата седница
Интерпарламентарната група за интеграција, реформи и помирување денеска ја одржа првата седница во македонското Собрание. Во фокусот на нејзината работа ќе бидат повеќе закони поврзани со Обвинителството, судовите и безбедноста.
Претседателот на Интерпарламентарната група за интергација, реформи и помирување е Реџаиљ Исмаили од ДУИ, а негов заменик е Артан Груби.
Исмаили изјави дека предмет на дебата на оваа работна група ќе бидат повеќе законски решенија меѓу кои Законот за судови, Законот за Судскиот совет, Законот за кривична постапка, Законот за медиуми, Закон за спречување на корупција, Законот за прекршоци, Законот за управни спорови, Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за Специјалното јавно обвинителство, Законот за слободен пристап на информации од слободен карактер….
– Оваа работна група и предлага на Владата на Република Македонија да ги усогласи овие закони до 15 декември и да му ги предложи на Собранието за усвојување, изјави Исмаили, додавајќи дека и претседателот на Собранието во најкраток рок треба да закаже седница на која ќе бидат разгледани овие закони.
Во работната група, како што посочи Исмаили, по потреба ќе се формира и консултативно тело во кое ќе членуваат професори, претставници на Академијата на науките и уметностите, цивилното општество, медиумите…
Ново на Сител
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
-

Европските демократии се под закана како никогаш досега, вели германскиот претседател
-

Рускиот гас би можел да се врати во Европа додека во Украина сè уште трае војната
-

Советници на Трамп работеле за Додик, Трамп вели: Ако има судир на интереси, веднаш ќе ги отпуштам
-

Сончево и релативно топло со мала локална облачност
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина

