-->
-->
Интер би го продал Ериксен за 60 милиони евра
-->
Фудбалскиот клуб Интер би можел летово да го продаде Кристијан Ериксен, доколку добие понуда од 60 милиони евра.
Ериксен премина од Тотенхем во Интер во јануари за 20 милиони евра. Данецот не се снајде добро во клубот, а во понеделникот остана на клупата во дуелот со Торино.
Според италијанските медиуми, тренерот Антонио Конте го потсетил Ериксен „дека не игра во Англија“ по тој дуел.
Откако дојде на „Џузепе Меаца“, се шпекулира дека Конте никогаш не сакал да го донесе, туку се обидел да го ангажира Артуро Видал од Барселона.
„Спорт Медијасет“ објави дека Интер сака да го продаде Ериксен за 60 милиони евра.
„Газета дело Спорт“ објави дека Конте планира да го измеша тимот и дека го известил раководството дека „најмалку 11 играчи“ се на продажба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска