Интензивно се гради новата штипска обиколница

Во Штип интензивно се гради новата обиколница од населбата Сењак до булеварот „Гоце Делчев“. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев кој денеска беше во увид на градежните работи истакна дека градежната фирма „Актива“-Штип која ја изведува обиколницата работи интензивно, а се надева дека за еден месец ќе се постави и новиот мост на река Брегалница.
-Сообраќајницата ќе биде со седум метри широчина. Значи две ленти по 3,5 метри, а еден и пол метра ќе имаме тротоар од едната страна. Сите работи се средени и расчистени. Трасата е истрасирана, се носи тампон. Идејата е оваа обиколница да има втора фаза, а тоа е по продолжување на булеварот „Велјко Влаховиќ“ до бањско рекреативниот центар Кежовица“, вели Захариев.
Тој истакна дека со изградбата на оваа обиколница индустриските капацитети, но и над 25.000 жители од населбите „Сењак“, „Баби“, „Дузлак“ и „Автокоманда“ ќе добијат скратување и нема да биде оптоварени со сообраќај населбата „8 ми Ноември“ и Камениот мост на реката Брегалница. Првата фаза од инвестицијата чини 700.000 евра, средства обезбедени од буџетот на Општина Штип. Штипскиот градоначалник потенцираше дека се реализира обиколницата, која согласно урбанистичкиот план била предвидена пред 27 години, а на дел од стoпанствениците им е удовалено барањето да се помести трасата и им се уредува нов паркинг простор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
