Македонија
5. August 2015 - 17:05

Интеграциите остануваат приоритет

Македонија останува силно фокусирана на евроатланскиот пат. Крајот на политичката криза и обврските преземени од договорот со посредство на еврокомесарот Хан ќе овозможат враќање на темпото во евроатланските интеграции. Премиерот Груевски  во својот илинденски говор потенцираше дека исполнувањето на препораките на Европската унија сесоставен дел од програмата на Владата

Иако преговорите со Европската Унија се уште не се започнати, еврокомесарот Хан при својата посета на земјава нагласи дека со Македонија ќе се примени стандардната методологија што обично се користи кога се водат преговори и тоа токму за поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на независност на судството, владеењето на правото и слободата на медиумите. По овие точки, европската комисија очекува напредок од Македонија до април идната година.
Експертите позитивно гледаат на посветеноста на Македонија на европските реформи. Според нив, сега на потег е Европската Унија која треба да создаде клима за конечен старт на преговорите.

Македонија до сега обезбеди шест последователни позитивни препораки за старт на преговорите со Европската Унија. Ниту една од нив, не и овозможи на земјата старт на преговорите, пред се поради билатералниот проблем со Грција.