Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни

Општина Карпош продолжува со засилен инспекциски надзор врз сите градилишта на своја територија, со цел да се обезбеди законска, безбедна и одговорна урбана изградба. Во текот на изминатата недела, од страна на градежен и комунален инспектор, како и со активно присуство на комуналните редари, беа спроведени над 50 контроли на терен.
Како резултат на овие контроли, изречени се вкупно 26 казни и 17 опомени, со целосна примена на законските надлежности и прописи.
Градежниот инспектор, согласно својата надлежност, изрече четири казни во висина од 500 до 3.000 евра, на правни и одговорни лица.
Комуналниот инспектор изрече пет казни по 300 евра за одговорни лица, како и пет казни по 1.500 евра за правни лица. Воедно, беа изречени и пет опомени, при што недостатоците беа коригирани веднаш на лице место.
Дополнително, казни беа изречени и за повеќе правни субјекти, како резултат на утврдени прекршувања. Истовремено, кај дел од градежните компании беше постапено по издадени опомени, со целосно почитување на наложените мерки.
Комуналните редари во истиот период изрекоа 12 казни во висина од 40 евра, како и 12 опомени. Доколку во наредниот период не се извршат потребните корекции кај овие градби, во постапката ќе се вклучи и комуналниот инспектор, чии казни, согласно законот, се со значително повисоки износи.
Општина Карпош уште еднаш апелира до сите инвеститори и градежни компании кои работат на територија на општината, да ги почитуваат законските прописи, како и да водат сметка за околината, особено при работа во зони со индивидуално домување.
Нема компромис со незаконското градење!
Одделение за односи со јавноста
Општина Карпош
Ново на Сител
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
-

Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа
-

МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

КИНСИВ почна истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро
-

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
-

Песков: Путин и Ердоган се согласија дека заплената на руски средства го загрозува меѓународниот финансиски систем
-

Трчањето во зима е корисно
