-->
-->
Иниеста во друштво со Меси и Рафиња!
-->

Барселона славеше над Баер Леверкузен со 2:1, во Лигата на шампионите, но победата која е извојувана во периодот од 80. до 82.минута, мина во сенка на повредата на капитенот Андрес Иниеста.
Барселона минатиот викенд најмалку два месеци остана без Лионел Меси, а мечот со Баер Леверкузен и без Андрес Иниеста. Капитенот на ‘блауграна’ се повреди во 60.минута и беднаш го напушти теренот.
Клубот не открива колкава пауза го очекува Иниеста, кој го повреди бутниот мускул, но каталонскиот весник „Sport“, пишува дека 31-годишниот фудбалер надвор од терените ќе биде еден месец.
Тоа значи дека Иниеста ќе ги порпушти натпреварите на Барселона во домашното првенство против Севилја, Рајо Ваљекано и Еибар, како и натпреварите на Шпанија против Луксембург и Украина.
Инаку Иниеста е третиот играч на Барселона кој се повреди во последните 30-тина дена, претходно Рафиња ги скина лигаментите на мечот со Рома, поради што ќе отсуствува од тимот најмалку шест месеци, а изминатиот викенд Меси го истегна лигаментот во коленото и него му следува пауза од шест до осум недели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава
-

ДИК: Излезност од 18,18 отсто до 15 часот на повторените избори во четири општини
-

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг
-

До 13 часот излезеноста 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
-

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт
-

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари
-

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
-

Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
