-->
-->
Иниеста продолжува во јапонскиот Кобе
-->

Легендарниот фудбалер на Барселона Андрес Иниеста кариерата ќе ја продолжи во Јапонија, во екипата на Кобе, објави радиото „Кадена сер“.
Иако во изминатиот период се шпекулираше дека Иниеста ќе игра во Кина, Чонкинг Лифан се откажал од трансферот, а фудбалерот со Кобе договорил тригодишна соработка. По сезона Иниеста ќе заработува по 25 милиони евра.
„Кадена сер“ наведува дека Хироши Микитани, кој е претседател на Кобе и извршен директор на „Ракутен“ (спонзорот на Барселона), бил присутен на „Камп Ноу“ во неделата, на дербито со Реал.
Тогаш тој го потпишал договорот со Иниеста.
Официјална потврда за ова сè уште нема, а според радиото, овој трансфер Барселона ќе го искористи за да отвори своја фудбалска академија во Јапонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
-

Земјоделците ја поздравуваат мерката за поевтини ѓубрива, но бараат и засилен надзор од инспекциските служби
-

Преглед на вестите од светот
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
