Иницијатива на ДУИ за отповикување на одлуката за распуштање на Парламентот
Пратеничката група на ДУИ покрена иницијатива во врска со одлуката за распуштање на Парламентот, која е проследена со барање за итна седница на Собранието. На иницијативата досега се потпишани 26 пратеници од ДУИ и ДПА вклучувајќи ги и лидерите на овие партии Али Ахмети и Мендух Тачи.
Се очекува, според најавите од ДУИ, на документот да се потпишат и други пратеници. Иницијативата официјално ќе биде доставена до Парламентот доколку политичките партии за време на денешните разговори постигнат договор во врска со одложување на распуштањето на Собранието и евентуално нов датум за избори.
Според инфиормациите од ДУИ, иницијативата содржи неколку можни опции, односно решенија во врска со одлуката за распуштање на Парламентот. Од партијата на средбата со новинарите не сакаа да откријат за какви опции станува збор посочувајќи дека во тек се разговори главно меѓу трите политички партии - ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од таму наведуваат дека разговори имало и денеска претпладне, во текот на целата измината ноќ и вчера.
Од пратеничката група на ДУИ велат дека иницијативата ќе биде во согласност со препораките на меѓународната заедница од пред два дена.
Во врска со разговорите со другите политички партии наведуваат дека има некои приближувања на ставовите, но оти сепак, исходот ќе биде познат до крајот на денот. Оптимисти се дека ќе биде постигнато решение, но потенцираат дека е потребно повеќе да се мисли на државата отколку на партиските интереси.
За да се изгласа иницијативата за отповикување на одлуката за распуштање на Собранието потребни се 62 гласа.
Ново на Сител
-
Украина и Русија разменија нова група затвореници согласно договорот од Истанбул
-
Русија бара Иран да продолжи со соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија
-
Викендов во Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица
-
Хегсет го брани нападот врз Иран: Програмата е „уништена“, и покрај сомнежите
-
Интерпелација за Костадиновски во Собрание
-
Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање