Балкан
12. January 2023 - 13:54

Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто

Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто, објави денеска Српскиот завод за статистика.
Како што е наведено, инфлацијата на годишна основа во декември 2022 година изнесувала 15,1 отсто.
Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, што ја мерат инфлацијата, во декември 2022 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во просек за 0,5 отсто, соопшти српскиот Завод за статистика.