Бизнис
8. January 2026 - 16:35

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%

Инфлација од 4,1 отсто на годишно ниво измери статистиката. За една година најголем скок на цените е регистриран кај  храната и безалхохолните пијалоци, но значително поскапеле и рестораните и хотелите, како и културата и рекреацијата. Цените на мало пак, бележат скок од 3,6 отсто во 2025та во споредба со 2024тата. Поскапело речиси се.

Овошјето за над 17%, безалхолхолните пијалоци за 16, месото над 7, млекото и млечните призводи над 6 отсто. Единствено лани сме јаделе поевтин зеленчук. И додека  во светот цените паѓаат, растот кај нас е драстичен. Виновни за високите цени, според анализите на владата се маркетите, кои не го почитуваат законот за нефер трговски практики и ставаат високи маржи. Докази велат дека има и најавија клуч на врата ако продолжат да го кршат законот.

Од Сојузот на Стопански комори чии членки се ланците маркети велат  дека законот треба да се почитува. Ако владата има докази, слободно нека казнува.

Инаку Евростат објави намалување на годишната инфлацијата во еврозоната, а и ФАО пад на цените на храната трет месец по ред. Декемвриските бројки ќе ги соопштат утре, но сите очекуваат падот на цените кај месото, млечните производи, шеќерот и растителните маси да продолжи. Единствено кај житарките е можно благо зголемување.

Инаку првичните планови на владата беа инфлацијата во 2025та да се спушти на 2,8 отсто, а потоа ја ревидираа на 3,9. Пониска инфлација од 2,5 отсто се очекува оваа година.