Инфантино: Русија е најдобар организатор досега
Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, ја пофалил Русија за организацијата на Светското првенство, со зборовите „дека ова е најдобро организиран Мундијал во историјата“.
„Пред неколку години реков дека ова ќе биде најдобро организирано светско првенство во историјата. Денес тоа можам да го кажам…Ова е најдобриот Мундијал во историјата. Во овој момент би сакал да им се заблагодарам на сите што учествуваа во организацијата на Светското првенство“, рекол Инфантино на прес конференцијата во Москва.
Претседателот на ФИФА особена благодарност упатил до рускиот народ и претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Голема благодарност до руската Влада, до претседателот Путин, организациониот одбор, Фудбалскиот сојуз на Русија, рускиот народ и сите волонтери кои беа сигурни дека ова ќе биде најдоброто Светско првенство“.
Тој појаснил дека ова Светско првенство ја сменило целата слика за Русија како држава.
„Сите оние што се тука открија дека се добредојдени во Русија. Мундијалот ја смени перцепцијата што луѓето ја имаа кон Русија“, рекол Инфантино.
Светското првенство ќе заврши в недела, кога во Москва од 17 часот, во финалето ќе играат Франција и Хрватска. Ден претходно, во Санкт Петербург во истиот термин, Белгија и Англија ќе се борат за третото место.
Ново на Сител
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан