-->
-->
Инфантино нов претседател на ФИФА
-->
Новиот претседател на Меѓународната фудбалска федерација(ФИФА), Швајцарецот Џани Инфантино во петок во првото обраќање по изборот нагласи дека сака да го врати угледот на ФИФА нарушен со бројни корупциски афери.
„Драги пријатели, не можам да опишам како се чувствувам во моментот. Минав неверојатно патување на кое запознав многу фантастични луѓе кои го сакаат фудбалот. Ќе го обновиме угледот на ФИФА и сите во светот ќе ни аплаудираат“, рече Инфантино на учесниците на вонредниот конгрес на ФИФА во Цирих.
„Сакам да работам со сите вас за да создадеме нова ера на ФИФА во која фудбалот повторно ќе биде во центарот на вниманието. ФИФА мина низ криза и тажни времиња, но тоа е сега зад нас. Треба да воведеме реформи, транспарентност и управување со добра верба. Исто така, треба повторно да го заслужиме почитувањето и тоа преку напорна работа“, додаде Инфантино.
Швајцарскиот адвокат, 45 годишниот Џани Инфантино беше генерален секретар на Европската фудбалска федерација од 2009 година, а зад себе има 15 години искуство во различни фудбалски администрации. Се истакна со предлогот во иднина на светските првенства да учествуваат 40 репрезентации, наместо 32, како што сега е случај.
Инфантино е оженет и има четири деца, а зборува пет јазика – италијански, француски, германски, англиски и шпански.
Роден е на 23 март 1970 година во швајцарски Бриг, оддалечен само девет километри од родниот град на досегашниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер. Иако во мај минатата година Блатер на изборите доби нов четиригодишен мандат, Блатер притиснат од бројните корупциски афери мораше да поднесе оставка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар