Индустриското производство во осумте месеци од годинава со раст од 1,7 отсто
Индустриското производство во првите осум месеци од годинава бележи раст од 1,7 проценти, а во август годинава во однос на август лани пораст од 2,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 45 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 39 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1 отсто, Капитални производи за 14,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 10,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,6 отсто.
Ново на Сител
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево