Индустриското производство во ноември поголемо за 11,5 отсто

Индустриското производство во ноември бележи раст од 11,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најголем пораст од 17,5 проценти има во секторот Прехранбена индустрија, а опаѓање се бележи во секторот „Рударство и вадење на камен“ за еден процент и во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 21,3 проценти.
Гледано по главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијалните производи, освен енергија за 1,4 отсто, кај Капиталните производи за 34,2 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 11,5 проценти и кај Нетрајните производи за широка потрошувачка за 22,5 проценти, додека опаѓање има кај Енергијата за 16,9 отсто.
Во периодот јануари - ноември индустриското производство бележи зголемување од 4,4 проценти во однос на истиот период минатата година.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
