Индустриското производство во август со пад од 5,1 процент на годишно ниво
Индустриското производство во август годинава во однос на август минатата година е намалено за 5,1 процент, а во периодот јануари – август годинава во однос на периодот лани е зголемено за 0,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во август годинава во однос на август лани, индустриското производство бележи опаѓање во секторите Рударство и вадење на камен, од 8,5 проценти, и во Преработувачка индустрија, од 5,5 проценти, а пораст во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 5,7 проценти.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во август 2023 година, во однос на август 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 1,1 процент, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,5 проценти, Капитални производи за 7,7 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 26 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,8 проценти.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%