Индонезија им забрани на полицајците и војниците да играат „Покемон Гоу“

Властите на Индонезија им забранија на вработените во полицијата и армијата да играат „Покемон Гоу“, додека се на работните места.
Според Министерството за одбрана на Индонезија, ваквата одлука е донесена затоа што играта претставува „закана за безбедноста“.
Во Индонезија. како и во многу други земји во светот, ловот на виртуелните суштетства скриени во реалниот свет, привлекува се голем број луѓе, кои илегално ја „симнуваат“ апликацијата, затоа што играта се уште не е легално достапна во земјата.
Сепак, популарноста на играта предизвикува загриженост меѓу највисоките претставници на власта, а некои сугерираат дека „Покемон Гоу“ би можела да послужи за шпионски активности.
- Шпионажата може да се врши во различни форми, рече министерот за одбрана Ријамизард Ријакуду, кој има негативен став за играта.
Војската најави дека наскоро ќе објави наредба со која ќе им се забрани на сите војници да играат „Покемон Гоу“ додека се на служба.
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
