Индипендент: Прашаања по новото масовно убиство во САД

САД се во тага поради новото масовно убиство. Се промени ли нешто по случајот во училиштето Санди Хук? Анализите покажуваат дека Американците поддржуваат реформи на законите за огнено оружје, но друго е прашањето дали такви промени Конгресот би одобрил, наведува Индипендент.
Откако во 2012 година вооружен маж уби 26 луѓе од кои 20 деца во училиште во Њутаун во Конектикат, изгледаше дека нешто ќе се промени за ограничување на огненото оружје во САД.
И покрај тоа, само пред неколку месеци пакет мерки од умерени законски промени за затегнување на контролата над огненото оружје беше сопрен во Сенатот.
Денес по двојно повеќе жртви во Орландо, убиени со автоматска пушка Еј-Ар-15, користена од напаѓачот во Санди Хук, патот за вистински реформи изгледа уште понејасен отколку пред три години, наведува весникот.
Во САД декој може да купи оружје на лесен начин и законски. Осомничените во минатогодишниот напад во Сан Бернардино беа вооружени со полуавтоматски пушки купени легално и покрај строгите ограничувања во Калифорнија.
Нападопт во Орландо е 173 масовен напад во САД за 2016 година според податоци на сајтот MassShootingTracker, водечки во статистиката за секој инцидент в кој биле прострелани четири или повеќе луѓе без значење дали се убиени или ранети.
Нивото на убиства во САД со огнено оружје е речиси шестпати повисоко од тоа во соседна Канада, наведува весникот.
Во САД има повеќе огнено оружје во раце на цивили отколку во која било друга држава во светот. Всушност, во САД има повеќе огнено оружје отколку полнолетни луѓе. Одземањето на тоа оружје звучи нереално, но ставањето регулативи треба да звучи реално, потенцира британскиот весник.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
