-->
-->
Индикации дека ИД е способна да произведе хемиско оружје
-->

Директорот на Организацијата за забрана на хемиско оружје, Ахмет Узумцу изјави дека постојат индикации кои упатуваат на тоа дека терористичката организација Исламска држава е способна да произведе хемиско оружје во Сирија и Ирак.
- Постои можност сами да го произведат, што е мошне загрижувачки, изјави Узумцу.
Тој нагласи дека тоа би значело дека ИД поседува технологија, способност и пристап до материјали, кои можат да се користат за производство на хемиско оружје.
Директорот на ЦИА Џон Бренан во февруари изјави дека борците од ИД имаат капацитет за производство на помали количини хлор и иперит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
