Индија со дронови и противпожарни возила се бори против скакулци

Покрај пандемијата на коронавирусот, Индија деновиве се бори против најголемата инвазија на скакулци во последните три децении, што се заканува да ги уништи земјоделските култури и вегетацијата, и за тоа се користат дронови и противпожарни возила.
Во потрага по храна, неколку километри долги роеви на пустински скакулци, најдеструктивниот вид на овие инсекти, на почетокот на мај влегоа во Раџастан, држава во западна Индија, од соседен Пакистан и потоа се проширија во пет други држави во земјата. Ситуацијата ја влошија ветровите по циклонот Амфан кон крајот на минатиот месец, јави Си-Ен-Ен.
Властите се обидуваат да ги разбијат роевите со пестициди што се исфрлаат од распрскувачи монтирани на трактори, противпожарни возила, но и со дронови, а еден официјален претставник изјави дека во две области во Раџастан се уништени 70 проценти од скакулците.
Ново на Сител
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
