Инцидент во српското Собрание: Бошко Обрадовиќ отстранет од салата
Лидерот на опозициското движење Двери, Бошко Обрадовиќ на почетокот на собраниската седница, на која треба да се прогласи укинување на вонредната состојба дуваше во свирче, по што од обезбедувањето беше изнесен од салата.
Обрадовиќ предизвика инцидент во моментот кога првиот спикер, Маја Гојковиќ и даде збор на премиерката Ана Брнабиќ, застанувајќи пред местото каде седат министрите и премирката Брнабиќ, за да почне да свири со свирче.
Гојковиќ најпрво му изрече две опомени, по што го исклучи од седницата, наредувајќи на обезбедувањето да го отстранат Обрадовиќ од Собранието, на што тој се спротивстави, одговарјќи дека сите мораат да се држат на растојание од два метри, како што е предвидено со мерките за епидемијата на новиот коронавирус.
Седницата потоа беше прекината од страна на Гојковиќ, се до „извршување на мерката“, додека Обрадовиќ продолжи да свири и да вика „Долу (Александар) Вучиќ, долу Влада“, држејќи се за српското знаме, по што беше исфрлен од салата.
Седницата на Собранието потоа породолжи со работата.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите