Македонија
9. December 2018 - 18:50

Инцидент во скопски ноќен клуб

 Дваесет и петгодишниот скопјанец С.С. вчера во 02:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на улицата „Димитрија Чуповски“ во ноќен клуб додека бил заедно со неговиот пријател Д.А.(25) од Скопје биле физички нападнати од страна на четири непознати лица.

МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.