Македонија
3. May 2019 - 15:54

Инцидент во градинка во Ченто: Си ја зел ќерката од градинка со гребаници по лицето, очите и ушите

Вчера околу пладне во СВР Скопје, од Комплексот клинки „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено едногодишно дете.

И.С. (34), татко на детето, пријавил дека истиот ден околу 10 часот, откако ја зел неговата едногодишна ќерка од градинка во населба Ченто, забележал дека имала гребаница на лицето, очите и ушите и според кажувањето на воспитувачката од градинката на детето повредите му биле нанесени од друго дете кое било на возраст од околу една година и шест месеци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.