Македонија
24. November 2016 - 14:32

Инцидент кај Бит Пазар: Се симнале од автобус и брутално ги претепале

Нов инцидент во автобусите на ЈСП се случил синоќа во Скопје. Според податоците од полицијата, во 18 часот и 35 минути било пријавено дека во Бит Пазар,  од страна на 10 до 15 непознати лица, ученици во Средното Училиште „Владо Тасевски“, се симнале од автобус број 50 и нападнале двајца седумнаесетгодишни ученици од  истото училиште.

Од страна на лекар кај двајцата малолетници биле констатирани телесни повреди. Едниот од нив ќе биде задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.