Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која на дневен ред, меѓу другите точки, се утврдување на предлог-одлуки за именување на генерален секретар и заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија.
Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски поднеле оставки на своите функции на 1 јули.
Пратениците ќе разгледуваат и барања за остварување на плата по престанок на функцијата министер во Влада на Република Северна Македонија.
На седницата на Комисијата на дневен ред се и утврдувања на Предлог-одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, како и утврдување Предлог - одлука за основање на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
