Имате тахикардија и срцето ви прескокнува? – Еве како да го успорите за 1 минута без лекови

– Чувството е многу непријатно и сите сакаме што побрзо да го запреме
Често ви се случува да добиете напад на силно, забрзано „чукање“ на срцето поради стрес или без никаква причина?
Чувството е многу непријатно и сите сакаме што побрзо да го запреме.
Ви прелагаме три едноставни начини кои можете да ги изведете за помалку од една минута, а со чија помош брзо ќе делувате врз вашиот пулс за да го успорите.
1.МЕТОД СО СТУДЕНА ВОДА
Потребна ви е многу студена вода, колку постудена-подобро, па затоа садот со вода надополнете го со повеќе коцки мраз.
Се’ што треба на направите кога пулсот ви е забрзан, е да вдишете длабоко и да го нурнете лицето во студена вода и да останете така колку можете подолго.
Оваа постапка го стимулира вашиот вагус нерв кој делува врз успорувањето на срцевиот ритам. Кога лицето го држите во студена вода телото испраќа сигнал за успорување на метаболизмот познат како рефлекс на нуркачите, кој предизвикува брзо намалување на бројот на срцеви отчукувања. Тоа е истиот рефлекс кој им помага на некои луѓе да преживеат подолг период во студена вода така што им се упорува телесниот метаболизам.
2.МНОГУ ДЛАБОКО ДИШЕЊЕ
Вдишете многу длабоко, до точка во која повеќе не сте во состојба да внесете ни најмалку воздух. После тоа брзо издишете го воздухот од белите дробови. Повторувајте ја постапката додека е потребно. Не е доволно само длабокото вдишување. Самото длабоко дишење нема да го успори срцето, и затоа е потребно да вдишувате до крајните граници на белите дробови, значително повеќе од едноставно длабоко дишење. Само на тој начин ќе ја успорите работата на срцето.
3.ВАЛСАЛВА МАНЕВАР
Вдишете со средна јачина. Затворете го носот и дувајте силно во себе без да го испуштите воздухот (исто како кога се напрегате во WC). Задржете го овој притисок колку што можете повеќе. После тоа издишете и опуштете се.
Можете да почувствувате лесна вртоглавица , но тоа е нормално. Исто како кога ги одзатнувате ушите за да го урамнотежите притисокот.
Обидете се со секој од овие методи по неколку пати пред да преминете на следната. После некое време самите ќе заклучите која најмногу ви одговара, ви помага и колку брзо и ефикасно го смирувате пулсот.
Сепак доколу често имате вакви епизоди на забрзани отчукувања на срцето, кои траат 20 или повеќе минути, чувствувате несвестица, болки или други тегоби, побарајте медицинска помош.
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
