Имате ли бели точки под очите или капаците - ослободете со од нив со неколку состојки
Белите точки се една вообичаена состојба која луѓето ја имаат. Познати се како млечни точки. Иако овие нерамнини најчесто влијаат на новороденчињата, луѓето од сите возрасти можат да се здобијат со вакви точки.
Што се млечните точки?
Млечните или тврди бели точки кои можат да се појават на целото лице се формираат така што креатинот (го произведува кожата) останува заробен под површината на кожата создавајќи мала циста во облик на бели точки (примарни точки). Исто така може да се насоберат и масти (секундарни точки).
Луѓето од сите возрасти можат да ги добијат, но најчесто ги има кај новороденчињата. Најчесто се наоѓаат на лицето, носот, образите и околу очите.
Која е причината?
Причина може да биде оштетување на кожата кај возрасните. Може да се појави поради веќе некоја постоечка состојба на кожата или може да биде нус појава на изгореници, пликови, долготрајно сончање, употреба на стероидни креми, дури и повторени постапки со ласер и дермоабразија.
Во продолжение ќе поминеме низ неколку природни лекови со кои ќе може да ги намалите точките...
Лимон и шеќер
Лимонот има фантастични антибактериски, антисептички, избелувачки и антиоксидантни својства. Тој постојано се појавува во нега на лицето кога станува збор за природни препарати. За ова ви треба шеќер, лимон и маслиново масло. Нежно втријте од смесата на лицето со кружни движења и оставете да отстои на лицето 15 до 20 минути, а потоа измијте.
Мед
Медот ќе ја нахрани и хидрира вашата кожа. Кога ќе го нанесете на кожата , кожата ќе ја задржи влагата која медот ја апсорбира и ќе спречи исушување. Направете пилинг од мед, шеќер и масло од јојоба.
Рицинусово масло
Рицинусовото масло е повеќенаменска состојка која е позната во лечењето на состојби како што се инфекции, запек, проблеми со бешиката, астма. Идеална природна состојка за лечење на состојби на кожата како што се акни и тврди бели точки.
Кора од калинка
Печена кора од калинка која ќе се иситни во прав е исклулучително популарна за белите точки и има антиоксидативно дејство. Печете ја кората додека не добиете кафена боја, истолчете ја во прав и помешајте со лимонов сок ако сакате. Нанесете ја маската на лицето, нека отстои 15 минути. Правете го ова неколку недели додека нерамнините и белите точки не исчезнат.
Пченкарен скроб и јаболков оцет
Направете паста од пченкарен скроб и јаболков оцет. Нанесете на местата на кои се белите точки и оставете да отстојат 25 минути, а после тоа исплакнете.
Отстранете ја шминката после спиење
Кожата се одмора во текот на спиењето , па пожелно би било да се грижите за неа и да и допуштите да дише чиста и блескава во текот на ноќта. Во текот на спиењето лицето ослободува слободни радикали кои го оштетуваат здравиот колаген во кожата. Валканото лице од шминка ги затнува порите и допринесува за појава на акни и други неправилности на кожата.
Подалеку од директна изложеност на сонце
Отстранете ја тешката шминка, не го допирајте лицето, никогаш не се обидувајте да ги истискате белите точки и тргнете се од штетноста на сончевите зраци. Продолженото изложување на сонце ќе ги влоши точките и ќе ја оштети кожата.
Ново на Сител
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта