Имала болки во желудникот, а лекарите и давале парацетамол- кога сфатиле што е, немала време ниту да се опрости од родителите

Осумнаесетгодишната тинејџерка Ели Волш почина на операционата маса поради компликации кои се јавиле при отстранување на тумор на желудникот. Иако со години чувствувала болки во стомакот, лекарите и препишувале само парацетамол.
-Не бевме свесни колку Ели е болна. Имаше болки во стомакот веќе неколку години, но докторите постојано и препишуваа само парацетамол, вели за „Дејли Мејл“, нејзината мајка Ема Волш.
Ели починала по компликациите кои се случиле за време на операцијата при која требало да и биде отстранет тумор од желудникот.
Лекарите само пет недели претходно воочиле дека туморот е голем, а Ели и нејзините родители тогаш не биле свесни за сериозноста на нејзината ситуација.
Иако операцијата била закажана за 27-ми декември, лекарите во текот на оепрацијата виделе колкав е туморот, и дека таа би имала само уште неколку месеци живот. Нејзината мајка Ема изјавила дека немала прилика ниту да се опрости од својата ќерка.
-Бев во шок кога ми кажаа, но се виде дека направија се што е во нивна моќ, зијавила таа.
Пред девојката беше вел живот и ветувачка адвокатска акриера, бидејќи веќе почнала да работи како рецепционер во една адвокатска канцеларија.
Ново на Сител
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
