Живот
2. March 2018 - 13:37

Имал симптоми на грип, но му е откриена најтешката можна болест - но тоа не е најстрашното во оваа приказна

Хантер Брејди (16) од Флорида кон крајот на минатата година почнал да чувствува замор и отежнато дишел. Отишол на лекар кој му рекол дека најверојатно во прашање е грип.

-Лекарот му рече: Пушти вирусот сам да си оди - напиша роднина на Брејди во пост на страницата "YouCaring".

Брејди меѓутоа наскоро почнал да чуствува болки и добил покачена температура.

-Почнав да се потам, посебно ноќе. Како поминуваа деновите, ми беше се полошо, раскажа Брејди.

Загрижените родители го одведоа детето во болница. Се утврдило дека има Хоџкинсонова болест во четврти стадиум или лимфоретикулом, рак на крвата кој почнува во лимфното ткиво, пренесе „Фокс Њуз“.

-Тогаш не знаевме дека неговото десно белодробно крило целосно колабрирало, а левото 30%, поради што имаше проблеми со дишењето, раскажа мајката на детето Шерил.

Со скенирање, тестови и биопсија на коскената срж е потврдено дека 16-годишното момче има Хоџкинсонова болест. Примил трансфузија на крв и со операција му е извлечена течноста од белите дробови и срцето.

Додека семејството се соочуваше со тешкото заблување, детето се најде на мета на сајбер злоставување.

-Хантер е злоставуван на Инстаграм, му рекоа дека заслужува рак. Неговиот роднина е злоставуван на училиште, зошто ја избричи својата глава во знак на поддршка на Хантер, напиша мајката на тинејџерот на Фејсбук.

Детето, меѓутоа одговори на злонамерен пост: „Навистина не ми е грижа што велиш ти“.

-Тој (злоставувачот“ не знае како се чувствувам. Кога тоа ќе го разбере ќе се чуствува лошо. Се надевам дека ќе се чувствува лошо, додаде Хантер.

Неговите пријатели и членови на семејството во знак на поддршка ги избричија главите. Хантер објави фотографија со својот татко на Фејсбук, со натпис:

-Тато ми ја избричи главата. Потоа ја избричи својата за мене. Ти благодарам тато“.

Храброто дете моментално е на домашно опоравување, по неколку рунди хемотерапија.