Македонија
25. May 2021 - 21:16

Има ли МОН план што со учебната година од септември?

Летната епидемиолошката слика ќе одреди каков ќе биде есенскиот почеток на учебната година. Се враќаат ли децата на училиште или останува сегашниот образовен модел, засега најави од Министерството нема.

Иако е рано да за проценки, дел од наставниот кадар и родителите велат дека време е за првични но и конкретни размислувања во МОН, за да се избегне ланското сценарио кога учебната година доцнеше еден месец.         

“Не е прерано. Токму сега е времето. МОН треба да бидат спремни за повеќе сценарија. Ние сега сме спремни само за тоа сценарио што беше минатата година... Уште од сега треба да бидат формирани работни групи...”

Целосното враќање на децата без никакви протоколи би било грешка, децидна е Димитриевска, споделувајќи го својот став за тоа како треба да почне учебната година.

“МОН треба да биде спремен за повеќе сценарија но никако за враќање одеднаш 30 деца во училница...Треба да се почне етапно, а онлајн опцијата да остане барем во првите месеци”.

Децата треба да се вратат на училиште, смета и микробиологот Пановски, бидејќи така ќе се стигне побрзо до колективен имунитет, но само под еден услов.

Од МОН, пак, сметаат дека дека наставата во училница е најдобра и најефикасна опција, но не навестуваат дали се размислува за разни сценарија наесен.

“Сепак, кој начин ќе започне и ќе се реализира следната учебна година, односно организацијата на работата на училиштата зависи од епидемиолошката состојба во државата и МОН одлуките по однос на ова прашање секогаш ги носи заедно и согласно со препораките на здравствените институции, првенствено на Комисијата за заразни болести”, велат од Министерството за образование.

Во време на глобална кампања за враќање на децата во училиште, министерката Царовска првичните информации и разговори за тоа како од септември натаму, ги најавува за наредниот месец.