Свет
25. July 2016 - 10:18

Има ли крај: Најмалку 14 загинати во нов самоубиствен бомбашки напад!

Најмалку 14 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени денеска во самоубиствен напад со автомобил-бомба на влезот од ирачкиот град Халис, 80 километри североисточно од Багдад, соопштија полициски и медицински извори.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Се очекува бројот на жртвите да се зголеми, имајќи предвид дека повеќето од повредените се наоѓаат во животна опасност, тврдат болнички извори.

На безбедносен пункт во северниот дел на Багдад вчера се разнесе бомбаш-самоубиец, при што се убиени најмалку 12 луѓе, од кои осуммина цивили и останатите се полицајци, а повредени се 32 лица во нападот.