Живот
28. August 2016 - 19:53

Им требаа 40 години: Фатено речно чудовиште тешко 300 кг

Пред повеќе од 40 години, рибарите забележале чудно суштество како плива во реката Фрејзер во канадската покраина Британска Колумбија. Рибарите пред неколку години тврдеа дека видела риба со свински нов, и таа приказна за речното чудовиште стана легенда.

Jesetra čudovište riba

Меѓутоа рибата со „свински нос“ очигледно постои, и во прашање е јесетра со деформирана глава, која сега конечно е фатена.

Jesetra čudovište riba

Јесетра, долга 3 метри и тешка неверојатни 295 килограми се фатила на јадицата на Ник МекКејб (19). Се проценува дека е стара 80 години, а ловот траел дури 2 часа.

Jesetra čudovište riba

Откако ја измериле, младиот рибар и неговиот другар ја вратиле во реката за да продолжи да живее. Иако не е утврдено како го добила необичниот изглед на главата, се претпоставува дека станува збор за повреда која лошо зараснала.